Мој Циклус

Помош

Поддршка за Мој Циклус

Тука се најчестите одговори за записите, акаунтот и синхронизацијата.

Дали мора да имам акаунт?

Не. Апликацијата работи и офлајн. Акаунт е потребен само ако сакаш да ги синхронизираш записите меѓу твоите уреди.

Како се бришат податоците?

Во „Повеќе“ можеш да ги избришеш сите податоци од уредот. Ако си најавена, во „Мој акаунт“ можеш да ги избришеш синхронизираните податоци или целосно да го избришеш акаунтот.

Податоците не се синхронизираат

Провери дали имаш интернет, дали си најавена со истиот акаунт и дали синхронизацијата е вклучена во „Мој акаунт“. Потоа избери рачно освежување.

Медицинско прашање

Мој Циклус не дава медицински совет. За симптом, дијагноза, терапија или итна состојба, обрати се кај квалификуван здравствен работник или локална итна служба.

Контактирај нè

За техничка помош испрати е-пошта на mojciklus@nikolamanov.com. Наведи ја верзијата на апликацијата и моделот на уредот, но не испраќај чувствителни здравствени податоци.

Прочитај ја политиката за приватност